×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Блек Фрајдеј“ – колку ги следиме светските трендови и дали е оправдан терминот кај нас

    25.11.2022 15:49 | Оливера Пешевска

     Низ градот, на продавниците или на билборди, ТВ реклами, радио реклами,промоции на социјалните мрежи, го нагласуваат последниот петок во ноември како „Блек фрајдеј“ - ден кој знае да се протегне и за време на  викендот,но и на целата недела.

    „Блек Фрајдеј“ – колку ги следиме светските трендови и дали е оправдан терминот  кај нас

     Глобализацијата го воведе овој термин и начин на работење од САД, кој се повеќе земји го применуваат,  а од година во година и кај нас добива на популарност.

     Ова е начин трговците да се ослободат од својата залиха, да ги завртат парите и да можат да набават нова роба за своите продавници. Купувачите се задоволни, бидејќи можат да набават добра, по значително помали цени. Или тоа е замислата на проектот. Се најавуваат големи попусти, по дури и 50 проценти,но во пракса  и не е баш се така розово. Цените во продавниците често знаат да бидат „пренадувани“ и со попустите генерално, а посебно со денешниов „Блек фрајдеј“, само се продаваат по реални цени. Маркетиншки трик на кој наседнуваат купувачите,  но општата еуфорија си го прави своето. Граѓаните ги понесува бранот и купуваат и повеќе, и поскапо,  од тоа што вообичаено би платиле. Веќе на социјалните мрежи излегоа слики како еден продукт, рекламирајќи се како „блек фрајдеј“ цена е всушност покачен за околу 150 денари. Сега се поставува прашањето дали е ова поради алчноста на трговците,инертноста на инспекциите или неинформираноста на купувачите.Или се заедно.

     Во разговор со наши сограѓани се обидовме да добиеме поконкретна слика за попустите што се нудат за „Блек фрајдеј“.

       „Тоа е само маркетиншки трик. Има постојано попусти, особено на техника ,мебел или артикал кој поретко се купува и не е неопходен. Ако е крстено „Блек фрајдеј“ треба да си го оправда името. Гледаме дека во западните земји може да се купи најнов модел на телевизор за 10 долари, или тогаш се пуштаат нови модели на мобилни телефони по промотивни и навистина багателни цени. Кај нас само доаѓаме до реалната вредност. И да испуштам нешто денеска,повторно ќе има попуст пред новогодишните празници или во јануари. Ќе почекам до тогаш“  вели една наша помлада сограѓанка.

     Млада жена со дете-прваче вели дека нема да пазари денеска,но не оддолеала да не ги погледне онлајн понудите. Главно се повторува мислењето на претходната соговорничка.

     „ Кога нешто е на попуст,  тоа е всушност реалната цена. Тоа што навистина ни треба,тоа може да се погледне, може и да се најде нешто со вистински попуст“,  изјави 32-годишната жена.

     Повозрасната нејзина придружничка сака да погледне дали новогодишните елки се на попуст, за да почне со подготовките за празниците. Има потреба и од неколку помали апарати за домаќинство ,но се зависи од понудата и најглавно  од цените.

    Терминот и акцијата „Блек фрајдеј“ потекнува оригинално од САД, но полека се прошири низ целиот свет. Посебно со достапноста на информациите преку глобалните мрежи,  стана популарна насекаде. Првичната замисла е да им се понудат на граѓаните пристапни цени за да се отпочне со празничниот шопинг на услуги и добра, кои ќе се искористат како подароци за најмалите и членовите од семјството или пријателите. Неретко се прикажуваат слики како се кампира и спие пред одредени маркети за да се набави саканиот производ, по драстично пониска цена.Обично количините се ограничени, па доаѓа и до расправии и судири меѓу занинтересираните.Секогаш е во петок, после Денот на благодарноста, кога веќе започнуваат големите подготовки за Божиќ. Рекламите, филмовите и инетернетот доведоа до комерзијализација и вулгаризација на прославата на зимските месеци ,сложни се сите, дури и научниците кои ги следат трендовите и обичните граѓани.