Приведена кумановка – возела двојно повеќе од дозволеното во населено место
06.11.2025 15:08
| KumanovoNews
Кумановка на возраст од 35 години е приведена откако била фатена како вози со речиси двојно поголема брзина од дозволената.
Според информациите од СВР Куманово, вчера, околу 14:50 часот, на булевар „Трета македонска ударна бригада“ полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај ја привеле.
При контрола со радар било утврдено дека таа управувала патничко возило марка „БМВ“ со брзина од 92 километри на час, на дел од булеварот каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
По целосно документирање на случајот, против возачката ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

