Повреден кумановец, го удрил автомобил додека стоел на автопат поради дефект
20.11.2026 15:31
| KumanovoNews
Шеесет и едногодишен кумановец е тешко повреден откако во него удрил автомобил додека се наоѓал на автопатот Куманово – Скопје, поради дефект на неговото возило.
Несреќата се случила вчера околу 10:15 часот, во атарот на селото Романовце, кога патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот П.Т. од Куманово, удрило во Н.М. (61) од Куманово, а потоа и во неговото патничко возило „фолксваген пасат“, кое претходно го запрел поради дефект.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.М., додека возачот на патничкото возило „цитроен“ се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово“, соопшти МВР.