Мени

Дваесет и едногодишна девојка тешко повредена во сообраќајка на патот Куманово – Свети Николе

19.11.2026 16:58 | KumanovoNews

На регионалниот пат Куманово – Свети Николе, вчера во сообраќајна несреќа тешко e повредена 21-годишна девојка од кумановското село Љубодраг.

 

Дваесет и едногодишна девојка тешко повредена во сообраќајка на патот Куманово – Свети Николе

Според информациите од полицијата, несреќата се случила околу 08:00 часот, кога патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната А.С., излетало од коловозот и се превртело.

Во несреќата девојката се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Куманово.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.