×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Босански возачи продале туѓа соја на жител на Којнаре

    24.01.2017 10:44 | KumanovoNews

     Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Х. и М.М., двајцата од Босна и Херцеговина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “затајување” и против А.П. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “помагање”.

    Босански возачи продале туѓа соја на жител на Којнаре

    Имено, босанските возачи, кои во два шлепери превезувале сточна храна од Копер, Р.Словенија, до земјоделска задруга од с. Челопек, тетовско, на 17 јануари по завршување на царинската процедура на ГП Табановце, се упатиле во с. Горно Којнаре во Куманово. Во центарот на селото ги паркирале возилата и од приколките истовариле околу 80 вреќи, откако предходно се договориле на А.П. да му продадат 4000 килограми соја за 1000 евра. Сопственикот ја сокрил сточната храна во две гаражи на различни локации во селото, каде истите се пронајдени и одземени.