Ќе се сечат старите дрвја во Градскиот парк
27.11.2014 13:13
| KumanovoNews
Следниот месец ќе се сечат старите дрвја во Стариот градски парк.
Ова денеска на седница на Советот на општина Куманово го кажа градоначалникот Зоран Дамјановски, откако советникот од ДУИ, Скендер Алији праша кога ќе се уреди и урбанизира Стариот градски парк.
“Направивме договор со “Шумско стопанство„ прво да ги исечеме старите дрвја. Од 1 декември ќе се сечат стари тополи и багреми. Нема целиот парк да биде уништен, туку само некои дрвја ќе се исечат. „Шумско“ ќе засади нови дрвја, нов зелен појас, а потоа ќе се постават клупи, ќе се направат стази, паркинг за да паркот добие една урбана слика“ - објасни Дамјановски.
Се работи за дрвја кои се стари и по 50 години и како такви се потенцијална опасност за минувачите.

