Да побегнат од полициска контрола удриле во полициски џип
Двајца возачи, со своите автомобили удриле во полициски џип на патот Куманово- Ваксинце, додека се обидувале да побегнат.
Инцидентите се случил ноќеска во два часот по полноќ, прво во селото Речица, кога марцедес кој го управувал Ф.Х.(21) од Студеничани на дадениот знак наместо да застане дал гас и продолжил да се движи по патот. При тоа изгубил контрола на возилото и удрил во службеното возило „Ландровер“, па во бетонски столб. Возачот и сопатникот А.Д.(25) од с.Студеничани се здобиле со повреди и се задржани на лекување во Кумановската болница.
Десетина минути подоцна полициските службеници сакале да извршат контрола на возило во селото Ваксинце, пришто возачот се забрзал удрил во полициската кола и побегнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.