×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да престанат тепачките по етничка основа

    28.06.2016 09:01 | KumanovoNews

    Oд почетокот на годинава се случиле пет тепачки на национална основа, од кои дури четири во мај.

    Да престанат тепачките по етничка основа

    Во најголем процент, според податоците на полиција, во тепачките биле вклучени малолетни лица. Врв на агресивното однесување на поедници е регистрирано во сабоата навечер, кога поради банална расправија настанала физичка пресметка помеѓу поголема група луѓе, по што возач прегазил родители и дете. Токму затоа вчера заседаваше локалниот совет за превенција, за да апелира до сите надлежни институции а пред се во семејствата да се поведе сметка за однесувањето на младите.

    Во овој период имаме прослави, матури, поголем прилив на повратници од странство, многу често имаме нарушување на безбедноста на самиот плоштад и на улиците, поголема раздвиженост на населението и можни се инциденти поради употреба на алкохол во доцните ноќни часови. Мојата сугестија е во овој временски интервал да се зајакне позарникарската служба, превентивната улога на МВР во однос на одржување и контролирање на безбедноста, - побара градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Надлежните, потенцираа дека сите случаи се расчистени, но посочија дека Куманово во како мултиетнички град, сите заедно мора да земеме учество за спречување со несаканата појава.

    „Апел до сите, до медиумите, сите надлежни инстицтуии, верските заедници, локалните совети, училишните совети, да нема вакви нарушувања, мора да ја подигнеме свеста кај граѓаните“-рече Антон Витковски, началник на одделението на полиција од СВР Куманово.

    „Треба сите да апелираме до нашите граѓани овде без оглед кој на која етничка припадност припаѓа никој да не се осмели да ја земе правдата во свои раце. Постојат закони, институции. Сите сме луѓе понекогаш и грешиме, но правдата никој не смее да ја земе во свои раце“, -рече пратеникот на ДУИ Реџаил Исмаили.

    Членови на локалниот совет за превенција порачаа при вакви инциденти навремено треба  да се извести полицијата, а потоа да се остави надлежните органи да ги расчистат случаите.