×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да се посветиме на духовното единство, повикуваат свештените лица

    14.04.2017 09:47 | KumanovoNews

    Да ги заборавме разликите како народ и на матерјален план што не разделуваат, а да се потсетиме на духовното еднинство како христијани за најголемиот празник Христовото воскресение“,- порачуваат свештениците од црквата „Свети Никола“

    Да се посветиме на духовното единство, повикуваат свештените лица

    Денеска е Велики Петок денот кога Исус Христос бил фатен, мачен и распнат на крст. Во црквите утринава се читаат царските часови, а вечерва во 19 часот ќе се одржи обредот на симболично погребување на Исус Христос, кога платно се положува врз Христовиот гроб, а верниците поминуваат под него сочувствувајќи со страдањата на распнатиот Исус.

    На Велика Сабота наутро, верниците кои постеле можат да се причестат, а во 23.30 часот започнува трократното кружење околу црквата со запалени свеќи, по што на полноќ ќе биде објавено Христовото воскресение.

    „Велигден не е ден само на раскошна трпеза кога сите ќе се собреме туку радоста наша произлегува токму од најсветлата ноќ во годината, сабота на недела, кога трипати кружиме околу храмот, во спомен на тридневното престојување на Христа во гробот и неговото воскресение. Затоа сите оние кои што се чувствуваат како христијани или кои се крстени, ги повикувам на ова духовно аџиство и патешествие, за да ги заборавме разликите како народ и на матерјален план не разделуваат, а да се потсетиме на духовното еднинство како христијани“,- вели  свештеникот Игор Здравковски, портпарол во црквата „Свети Никола“.

    Здравковски, додава дека од Велики Понеделник до Велигден и од Велигден до наредната недела не се посетуваат гробовите на починатите, затоа што овој период е за прослава и духовна радост, без да се присетуваме на тажните моменти од загубата на нашите блиски.