Дали ВМРО-ДПМНЕ го награди Димитриевски поради неуспешните проекти или многуте афери, прашува Левица
Од унгарскиот кредит, најмногу средства ќе добие Општина Куманово, речиси 243 милиони денари, па се поставува прашањето дали Максим Димитриевски е награден поради (не)успешноста на неговите досегашни проекти, кои во 8 години се сведуваат на 2 кружни токови и вечните санации на застарената сообраќајна сигнализација, или можеби, сепак, Максим награден поради нивните сомнителни коруптивни зделки кои заедно со ДПМНЕ како локална власт ги прават во Куманово во овие 4 години нивно заедничко владеење, како што се „НБА“ семафорот од 10 милиони денари и аферата со ДУП-от за Лидл, велат од Левица Куманово.

„Од проектите со кои Максим конкурираше за средства, ги издвојуваме катастрофите на ул. Бајрам Шабани, која требаше да добие нова атмосферска канализација, а на која при градежни работи, жителите од таа улица секојдневно објавуваа снимки од пукнати цевки, проект кој е договорен 06.01.2025, улицата за жал е сеуште раскопана и крајно непроодна, проблем за кој Левица Куманово веќе реагираше и апелираше за негово решавање. Втор е проектот за гасоводна мрежа, при што договорот за делот помеѓу ул. В.С. Бато во Зелен Рид и с. Доброшане е склопен на 18.02.2025, а делот од улицата каде што е вградувана гасоводна мрежа на ул. В.С. Бато и ден денес стои несаниран, не е повторно асфалтиран и претставува опасност во сообраќајот и секојдневното движење на тамошното население. По досега согледаново прашуваме, дали можеби, сепак, Максим ги нема добиено средствата поради неговата историја на (не)успешени проекти, туку поради заедничката можност на локалните владини функционери на ДПМНЕ-ЗНАМ заедно да добиваат од колачот вреден 243 милиони денари кој би се поделил во надувани набавни цени од проект на проект?“, стои во соопштението на партијата.