Мени

Децата од “Христијан Карпош“ донираа прибор за соучениците

30.10.2014 09:11 | KumanovoNews

Учениците од основното училиште “Христијан Карпош“ деновиве донираа училишен прибор за посиромашните соученици.

Децата од “Христијан Карпош“ донираа прибор за соучениците

Во акцијата “Од другарче за другарче“, комплети со училишен прибор добија околу 70 деца.

“Акцијата ја направивме интерно така што децата донираа за учениците кои се посиромашни. Намерно ова го правиме на почетокот на учебната година за да учениците добијат прибор кој ќе им треба за понатаму. Децата добија по неколку тетратки, моливи, пенкала, шестари, линијари, буквално се што им е потребно“ - изјави Лидија Костиќ, директорка на “Христијан Карпош“.

Во акцијата учествуваа учениците и наставниците вработени во училиштето.