Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Детското катче кај спортската сала во Куманово е несредено и оштетено. Родителите се жалат дека откако се разубави времето нема каде да ги изведат децата да се поиграат затоа што игралиштето е небезбедно.
На социјалните мрежи има бројни реакција од родителите за одржувањето на детските паркчиња во градот и населбите, сите бараат надлежните навремено да интервенираат за да се спречи нивно целосно пропаѓање.
„Овие паркчиња се единствените уредени места каде што можеме да ги изведеме децата да си играат. Ги нема многу, но и тие не се одржуваат. Што ќе се скрши или оштети веќе не се поправа. Бараме навреме да се поправат заради бебедноста на децата“, велат родителите кои ги сретнавме кај паркот.
Дека парклчето е запуштено се увреивме и сами, на лице место затековме искршени клупи, преполна со вода жардинера која беше игралиште со песок, оштетени канти за смет, исчкртани и оштетени играчки.
„Она што може колку толко да допринесе е позиција „хаумајстор“- негова работна задача би била надзор и поправка на сите детски игралишта. Штетата не е одеднаш направена, и ако на почетокот не се поправи ситниот дефект тој подоцна повеќе ќе се зголемува“, пишува еден кумановец.
Ова детско игралиште пред неколку години беше изградено преку проект на Центарот за Североисточен плански регион, како дел од реконструкција на паркот кај спортската сала.
Од Општина Куманово велат дека тие не се надлежни за одржување на детскиот парк, туку тоа е обврска на оној кој го градел. Од Центарот за Североисточен плански регион, пак, велат дек тие го пределе на катчето на Општина Куманово и обврската за одржување е нивна.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk