Две девојки се степале на плоштадот во Куманово
        09.09.2025 13:57
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Две девојки ноќеска се степале на Градскиот плоштад во Куманово, по што била повикана полиција.
                  „Во 03:00 часот било пријавено дека на Плоштад „Нова Југославија“ во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две девојки на 30-годишна и 25- годишна возраст, двете од кумановско село. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци“, соопшти МВР.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



