До 13 часот излезноста во Куманово e 16,46% во Липково 15,7%, во Старо Нагоричaне 29,94%
Во Куманово на гласање до 13 часот излегле 16,46% од гласачите, во Липково 15,7% и во Старо Нагоричaне 29,94%, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). На ниво на државата тој процент е 20,08 отсто.

На избирачкото место 1025 во Основното училиште 11 Октомври гласањето тече редовно, без никакви проблеми и застои.
„До 13.30 часот излегле да гласаат 196 лица од вкупно 798 запишани гласачи, што во проценти е 24 отсто. За локалните избори очекувано е вака поспоро да тече гласањето, но по 17 часот очекуваме многу поголема динамика“, изјави претседателката на избирачкиот одбор Анита Механџиска.
Во Куманово се гласа на 164 избирачки места, а право на глас имаат 93.889 гласачи.
Во општина Липково има 26.362 гласачи се запишани на 36 места, а во Старо Нагоричане, право на глас имаат 3.011 избирачи кои гласаат на 36 избирачки места.