×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Детското одделение во Кумановската болница доби донација од „Бучен Козјак“

    30.05.2025 15:50 | KumanovoNews

    Општата болница Куманово доби донација во постелнина, инхалатори и топломери од компанијата „Бучен Козјак“.

    Детското одделение во Кумановската болница доби донација од „Бучен Козјак“

    Донацијата е наменета за Детското одделение,  направена е на барање на установата, а компанијата дополнително обезбедила и подароци за најмалите пациенти.

    „Првин да се заблагодарам на „Бучен Козјак“, светска, а наша компанија која секогаш излегува во пресрет кога нешто ќе им побараме. На наше барање за обезбедување на постелнини и чаршави за целото детско одделение, инхлатаори и топломери излегоа во пресрет. Исто така, донираат и пакетчиња со млечни производи за сите дечиња хоспитализирани на детското одделение и оние кои денеска ќе се јават на преглед“, истакна директорот Сашо Стошевски.

    Помошта ја предаде Наташа Денковска - Бојковски, директорка на „Бучен Козјак“.

    „Светскиот ден на млекото и Светскиот ден на детето традиционално ги одбележуваме со хуманитарна акција. Како општествено одговорна компанија помагаме таму каде што е најпотребно, а оваа година се одлучивме предвидените средства да ги насочиме на детското одделение на Општата болница Куманово, бидејќи децата се нашата иднина. Го однесовме тоа што им е најнеопходно во секојдевната работа, како што се постелнина, инхалатори, топломери,  и наши производи. Нашата поддршка нема да застане тука, секогаш со повод или без причина, ние сме тука сме за да помогнеме на нашите сограѓани и потрошувачи“, вели Денковска - Бојковски.

    Во моментот на одделението на болничко лекување се 20 дечиња, главно со респираторни тегоби, високи температури и кашлици.

    „Пресреќна сум со донацијата, се надевам дека ќе ги задоволиме потребите на нашите најмали пациенти и дека ќе го подобриме нивниот престој за време на болничкото лекување. Морам да нагласам дека и со претходното и сегашното раководството на болницата се трудиме секој ден да се подобрат условите на одделението на болницата со донации од општествено одговорни компании. Имаме за цел да се направи чисто, грижливо, квалитетно детско одделение, за тоа е потребно време, но максимално сме посветени на тоа“, истакна д-р Маргица Арсовска, началничка на одделението.

    Компанијата Бучен Козјак, е бренд повеќе од 40 години, а нејзините производи се поддржани од Здружение на педијатри на Македонија.