Мени

Два нови обиди за измама на стари лица во Куманово

02.10.2025 13:16 | KumanovoNews

Вчера во Кумановската полиција, 90-годишна жена и 77-годише маж пријавиле дека едно лице се обидело да ги измами. 

Два нови обиди за измама на стари лица во Куманово

Според пријавеното, изманикот им се јавил на телефон и им кажал дека наводно членови од нивните семејства предизвикале сообраќајни незгоди во кои прегазиле дете и ќе треба да дадат одредена сума на пари за да не одат во затвор. Тие се посомневале во точноста на информацијата и пријавиле во полиција. 

„Се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопшти МВР.

Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги.