Возачот и две сопатнички повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово-Свети Николе
17.06.2025 14:03
| KumanovoNews
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на регионалниот пат Куманово- Свети Николе, кај селото Павлешенце.

Несреќата се случила во 11.40 часот кога патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки“, управувано од В.К.(42) од с.Кучкарево, кумановско, излетало надвор од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и две сопатнички К.К.(31) и Л.К.(19), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе“, соопшти МВР.