Мени

Двојно зголемено нивото на реките, излевања нема

30.04.2014 06:08 | KumanovoNews

27 литри дожд на метар квадратен наврнаа во кумановско во последните 24 часа, поради што е зголемено нивото на водата во реките, но засега излевања нема.

Двојно зголемено нивото на реките, излевања нема

  - Утрово се мереше нивото на реките и за споредба Пчиња кај Доброшане вчера била 49 цм, а сега водостојот е 82 цм. Екипи излегоа на терен да видат каква е состојбата со нивото на река Којнарка која вчера беше 66 цм, а сега мора да е зголемено нивото. Засега нема дојави од граѓани за излевање на реките - велат од Регионален центар за управување со кризи.

Времето денеска ќе  биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици, а дневните температури ќе се движат од 11 до 21 Целзиусов степен. Врнежи од дожд не очекуваат и утре во попладневните часови.