Една поплака до канцеларијата на Народниот правобранител
13.04.2014 11:02
| KumanovoNews
Набљудувачи на една политичка партија утрово се пожалиле дека членови на избирачки одбор не ги пуштиле да влезат во просториите каде се гласа.

Набљудувачите не се пуштени на избирачки места од избирачки одбор без никаква причина. Потоа од нивна страна е разговарано со Општинска изборна комисија и тој проблем веќе е надминат - вели Рамадан Ибраими, советник во канцеларија на Народен правобранител Куманово.
Досега немало други поплаки до оваа инстутуција за гласачкиот процес.