×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Генералка викенд“ во Куманово и Старо Нагоричане

    07.05.2025 18:07 | KumanovoNews

    Во Куманово и Старо Нагоричане во петок, со почеток во 9 часот, под мотото „Да се извалкаме и да исчистиме“ ќе се одржи  еколошката акција „Генералка викенд 2025“.

    „Генералка викенд“ во Куманово и Старо Нагоричане

    Во акцијата можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани, волонтерска, во координација со општинските служби или директно преку организаторот „Мен енд Маунтен“.

    Во Куманово ќе се чисти околината околу Градскиот базен и Спортската сала.

    Во општина Старо Нагоричане предвидени за собирање и селекција на отпад се повеќе локации: центарот и околината на основното училиште „Светозар Марковиќ“ во селото Старо Нагоричане, центарот на Младо Нагоричане, училиштето „Христијан Карпош“, и околината на ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ во село Драгоманце.

    „Секоја година во секое добро домаќинство доаѓа момент во текот на пролетта, кога почнуваме да ги чистиме нашите домови и градини од сите остатоци од долгата и студена зима. Бидејќи „СОНЧЕВА – Земјата на сонцето“ е куќата во која живееме сите, сосема е природно да направиме пролетно чистење на нашите домови, градини, улици, соседство. Затоа ја организираме оваа пролетна акција за чистење секој мај, во период од десет години: од 2021 до 2031 година (од 30-тиот до 40-тиот роденден на нашата земја) со цел да ја исчистиме нашата земја од отпадот од минатото и да го рециклираме во зелена иднина за нас и генерациите кои доаѓаат“, стои во повикот на Генералка Викенд.

    Акцијата е поддржана од Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), како и од ЈП „Национални шуми“. Владата за секои 10 килограми собран отпад донира по една садница за пошумување. Од 2021 година повеќе од 44.000 волонтери собрале над 1 милион килограми отпад- МЗШВ и „Национални шуми“ засадија повеќе од 125.000 дрвја во Велес, Петровец и Старо Нагоричане.

    Невладината „Мен енд Маунтен“, заедно со приватни донатори засадиле дополнителни 10.000 садници во 23 општини. Сите овие шуми се наречени „Сончева гора“.

    Овогодинешната „Генералка викенд“ ќе се одржи помеѓу 9-11 мај 2025 година во сите општини на Македонија, и ќе учествуваат на 20.000 волонтери.