Електронска проверка на данок на имот
30.09.2014 09:03
| KumanovoNews
На сајтот на општина Куманово, граѓаните можат да проверат колку пари должат за данок на имот.
Со решенијата за данок на имот во посебен плик странките добиваат шифра и лозинка со која можат да се логираат и да проверат колку треба да платат за данок на имот.
“Тоа е една новина која функционира од 15 август. Со лозинка може да се влезе на веб серверот на општина Куманово, и во посебна ставка даноци на имот можат да ја проверат финансиска картичка, колку должат, колку платиле, кога добиле решение, итн “ - изјави Зоран Павловски, раководител на сектор за администрирање на приходи во општина Куманово.
Со електронската проверка на данок на имот ќе се зголеми прегледноста, транспарентноста во работењето и ќе се зголеми наплатата.

