Мени

Фатен разбојникот кој го ограби маркетот “Селман Туризам“

31.12.2014 12:22 | KumanovoNews

З.К.(20) од Скопје е разбојникот кој пред две недели го ограби маркетот “Селман Туризам“.

Фатен разбојникот кој го ограби маркетот “Селман Туризам“

Разбојникот околу 21.45 часот влегол во маркетот на улицата „11 Ноември“ и со закана со пиштол од вработената земал 77.000 денари, а потоа заедно со уште едно непознато лице со “БМВ“ заминале во непознат правец.

Против З.К. е поднесена кривична пријава за разбојништво.