×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Филмот „Три дена во септември“ во Куманово

    13.04.2016 11:18 | KumanovoNews

    Во големата сала на Центар за култура „Трајко Прокопиев“, утре и задутре, со поеток во 19 часот ќе биде прикажан македонскиот филм  “Три дена во септември“ во режија на Даријан Пејовски.

    Филмот „Три дена во септември“ во Куманово

    „Три дена во септември“ е психолошки трилер, во кој двата главни женски лика преку меѓусебниот однос ги разоткриваат своите тајни и трауми. Бегајќи од своето минато, Марика ја запознава Јана, која патува кон куќата од нејзиното детство, сместена во изолиран планински крај. Тоа е совршено засолниште за Марика, се додека не се појави локалниот полицаец Генц, кој ќе поттикне сомнеж за вистинските намери на двете жени...

    Улогите ги толкуваат: Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага, Милица Стојанова, Салаетин Билал, Кирил Коруновски, Александар Микиќ, Горан Трифуновски, Фатос Крјезиу, Ментор Зимберај, Блерим Черичи.

    Сценарист e Даријан Пејовски и Игор Иванов, директор на фотографија е Димо Попов, Александар Пејовски е композитор на оригиналната музика, монтажа - Владимир Павловски, дизајн на звук - Игор Поповски, сценограф е Снежана Поњавиќ-Муча, костимограф е Емилија Ивановска-Атанасовска. Продуцент на филмот е Томи Салковски.

    Цената на билетот е 100 ден.