Формиран Сојуз на клубови на работници
Во Куманово вчера се формираше Сојуз на клубови на работници, кој ќе има задача да ги штити работничките права.

За претседател на сојузот е избран Слободан Радевски, поранешен претседател на Регионалниот синдикат на Куманово, а на оснивачкото собрание присуствуваше и некогашниот лидер Ванчо Муратовски.
Сегашните синдикати почнаа да се растураат, да се делат и групираат со некои партии, па за да го спречиме тоа, ние се одлучивме да формираме Клубови на работници во сите градови. Сакаме да застанеме на прав пат и да ги повикаме сите работници да ни се приклучат на тој пат, за да можеме да истраеме и со наредната влада да се договараме за правата на работниците, тутунарите, земјоделците- вели Радевски.
Оснивачите сметаат дека тие не се паралелен синдикат, туку вистински претставници на работниците.
На оснивачкото собране присуствуваа претставници од повеќе градови и стечајните работници од Куманово.