Гласањето се одвива без проблеми
05.06.2011 09:09
| KumanovoNews
Сите Избирачки места во општината Куманово утрво се отворени навреме во 7 часот, информираат од Општинската изборна комисија.

Гласањето започна без проблеми во сите 128 избирачки места. До сега немаме пријавено ниту еден проблем, што значи се тече во најдобар ред, и се надевам дека така ќе остане до крајот на денот -изјави Валентина Арсовска, претседател на ОИК.
Во централното градско подрачје се забележува раздвиженост на граѓаните, а веќе се обработува процентот на излезност на гласање до 10 часот.