×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Годинава имаме повеќе првачиња, воведовме и дневен продолжен престој за учениците, велат од училиштето „Вук Караџиќ“

    06.09.2024 15:55 | Сузана Николиќ

    Оваа година, за среќа имаме зголемување на бројот на првачиња и во погорните одделенија, а исто така, во иднина ќе се залагаме за зголемување на бројот на ученици, а нашата визија и мисија ќе биде да се врати сјајот на училиштето, коешто некогаш важеше за елитно централно училиште и гордост на градот и нашата држава, вели директорот на ОУ „Вук Караџиќ“, Ивица Ѓоргиевски, по шпекулациите во јавноста дека постои опасност ова училиште да се затвори, поради мал број на ученици.

    Годинава имаме повеќе првачиња, воведовме и дневен продолжен престој за учениците, велат од училиштето „Вук Караџиќ“

    Тој вели дека ваквите „чаршиски муабети“ можат да му наштетат на училиштето и затоа сака да ги информира родителите дека нема простор за загриженост, бидејќи тие немаат проблеми во работењето, ниту, пак, е доведено во прашање функционирањето на нивната образовно- воспитната институција. Директорот признава дека бројот на ученици од година во година се намалува, но вели дека тоа е резултат на миграцијата на населението, што е тренд во целата држава на кој тие не можат да влијаат.

    „Од друга страна, реонизацијата со којашто учениците мора да го посетуваат училиштето во нивниот реон, со години наназад не се почитуваше, што исто така, придонесе за намалување на бројот на ученици. Новитет од оваа учебна година е што имаме отворен продолжен престој, со што излеговме во пресрет на родителите, а и во иднина ќе работиме во интерес на учениците и училиштето да биде пријатна средина во којашто тие ќе поминуваат поголем дел од денот. Може да се пофалиме дека последните години, нашето училиште интензивно и постојано се реконструира, наскоро ќе добиеме и енергетско ефикасна фасада и преуредување на внатрешниот простор, со што добиваме лик на едно модерно училиште, токму како што наликува на едно од најстарите училишта во градот и општината. Имаме тим од мотивирани, наградувани и пофалувани наставници кои се многу важен фактор за квалитетно образование на учениците.
    Нашиот труд резултира со учество на повеќе општински, регионални и државни натпревари, тековно работење на проекти, обуки и дисеминации, ликовни и литературни манифестации, спортски натпревари, музички изведби итн. сето тоа проследено со многу труд од нас
    наставниците и уште поголеми вложувања, креативност, желба и љубов од учениците за нивен напредок и поголеми знаења“, вели Ѓоргиевски.
     
    Раководител на Секторот за образование, Александар Јовановиќ, на првиот ден на учебната година апелираше да се почитува реонската поделеност и секое семејство децата да ги испраќа во училиштата по адресата на живеење.

    „Согласно законот, родителите се должни да си го запишат дететото во реонското училиште каде живеат, но родителите измислуваат многу начини само да се запишат во некое од централните градски училишта. Затоа повикувам доколку има злоупотреба да го провери тоа Државниот просветен инспекторат“, дополни Јовановиќ.

    Училиштето „Вук Караџиќ“, најверојатно ќе биде првото училиште во општината во коешто ќе се воведе едносменска настава, што е заложба на Министерството за образование и наука. Со одлука на Совет на Општина Куманово оваа година во „Вук Караџиќ“ се дислоцирани неколку паралелки од подрачното училиште „Кирил и Методиј“ во Агино Село, бидејќи нивниот објект се реконструира.

    Општинското основно училиште „Вук Караџиќ“ постои 79 години и е формирано во 1945 година како Српска народна школа, а започнало со работа на 16 септември истата година. Зградата во која денес е сместено е изградена во 1974 година. Во период помеѓу 1970 и 1990 година, бројот на паралеките и учениците е најголем и изнесувал над 1.000 ученици, а аналогно на тоа се зголемува и наставниот кадар, па во тој период училиштето добива и стручна служба. Од 1990 година бројот на учениците опаѓа, а во 2008 година е прекината наставата на српски јазик.