Мени

Гореше сува трева и стрниште во Грушино

21.07.2014 07:07 | KumanovoNews

Сува трева и стрниште вчера беа запалени во атарот на селото Грушино кое се наоѓа во близина на Никуштак.

Гореше сува трева и стрниште во Грушино

Територијалната противпожарна единица Куманово со едно возило и четворица пожарникари интервенираше на пожарот од 16.30 до 17.55 часот по што огнот е локализиран. Пожарот е предизвикан од човечки фактор.