×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Госпоѓа министерка“ утре ќе ги отвори Деновите на комедија во Куманово

    23.09.2025 13:14 | KumanovoNews

    Со претставата  „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ во изведба на Велешкиот театар, утре ќе започне Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово.

    „Госпоѓа министерка“ утре ќе ги отвори Деновите на комедија во Куманово

    Годинава публиката ќе може да погледа 11 претстави на ансамбли од Македонија, Србија и Бугарија. Фестивалот ќе трае до 10 октомври, а претставите ќе се играат на сцената на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

    На програмата се и претставите: „Рибарски караници“ на Битолскиот театар, „Бог на колежот“ на МНТ, „Да живее долна дупка“, Театар комедија, „Едно предавање“, Театар Прешево, „На траг“ Тетар Крагуевац, „Грабеж на дијамантот“ Албанска драма Театар Куманово, „Петок 13“ Струмички театар, „Покондирена тиква“, Народно позориште Пирот, „Постојаната сопруга“ Сатиричен театар Софија и „Разбиди се Тина“ – премиера Кумановски театар. 

    И годинава ќе бидат доделени награди за најдобра претстава, најдобра женска и машка улога, најдобра сценографија, костимографија и најдобра режија.

    Лауреат на „Денови на комедија 2025“ е актерката Весна Петрушевска.„Многу се радувам. Важно е да не ги даруваме луѓето и значењето за нивните дела додека се тука, да не ги пропуштаме и луѓето и нивните дела. Кога ми се јавија, вреснав, многу ретко се случувало, се некако јас давам, а ретко мене некој да ми даде. Се радувам кога колегите ги исправат работите, особено кога ќе дадете лаурет на жена, тоа е многу важно, зашто од нас се очекува да бидеме освен добри актерки, и добри мајки, добри колешки, присутни во секоја општествена норматива. И плус сум горда што по баба и дедо сум кумановка“, кажа Петрушевска.

    Традиционалниот фестивал „Денови на комедија“ во Куманово се одржува по 28 пат, и е најпосетена културна манифестација во градот, каде секогаш се бара место повеќе.