Мени

Граѓаните се почесто се жалат кај Народниот правобранител

16.07.2014 09:02 | KumanovoNews

Полни раце работа има Канцеларијата на народниот правобранител во Куманово.

Граѓаните се почесто се жалат кај Народниот правобранител

 За првите 6 месеци од годината 183 граѓани се пожалиле на работата на судовите, извршителите, јавните претпријатија и други институции во градот и државата.

Во споредба со минатата година, оваа година регистрираме зголемување на работата за 30 проценти. Најголем број од поднесените претставки, дури 38 се однесуваат на правосудството, вклучувајќи ги тука и работата на судовите и извршителите. Во првите шест месеци има преставки и во областа финансиите, царината, радиодифузна такса, социјална заштита, прекршување на потрошувачките права, права за остварување на пензиско и здравствено осигурување и од законот за работни односи,- вели Насер Весели заменик народен правобранител.

Помалку граѓани од лани се пожалиле на полицијата, во однос на нејзините овластувања.

Од вкупниот број на вкупно пристигнати преставки завршени се 133 предмети.