Мени

Инспекции ги чешлаат златарниците

17.09.2014 10:08 | KumanovoNews

Инспектори од УЈП и Пазарната инспекција со асистенција на полицијата предпладнево ја проверуваат работата на златарските дуќани во централното градско подрачје.

Инспекции ги чешлаат златарниците

 Пред секоја златарница има по еден инспектор и по неколку полицајци, додека сопствениците се главно во објектите. Зголеменото присуство на службените лица го забележаа и граѓаните кои се прашуваа за што се работи.

Повеќе информации за денешната акција најверојатно ќе има во текот на денот или утре.