Мени

Исчезна девојче од Куманово

14.03.2015 11:16 | KumanovoNews

Седумнаесет годишно девојче од Куманово вчера наутро излеглo од дома и повеќе не се вратило.

Исчезна девојче од Куманово

Девојчето заминало од дома околу 7 часот и од тогаш и се губи секаков траг. Откако не можеле сами да го најдат детето, таткото А.К. (49) од Куманово го пријавил случајот во полиција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатото девојче.