Изгоре продавница за мобилни телефони
23.01.2015 08:55
| KumanovoNews
Во голем пожар завчера попладне изгоре дуќан за поправка на мобилни телефони на улица “Христијан Карпош“ во Куманово.
Објактот се запалил по 15 часот, додека дуќанот бил затворен и внатре немало никој. Пожарот го забележал братот на сопственикот, кој живее на истата улица, и повикал пожарна.
“Одоздола чадеше, кога дојдов поблиску да видам за што се работи внатре нешто експлодираше и ме турна два - три метри назад. Излогот цел се скрши. Внатре се е оштетено, се изгоре: инвентарот, робата и инсталацијата. Од пожарна многу брзо дојдоа, беа многу ефикасни и го изгаснаа пожарот“ - вели Сељами Реџепи, брат на сопственикот на работилницата.
Причините за избувнување на пожарот и причинетата материјална штета допрва ќе се утврдуваат.

