Изгоре викендичка во Опае
        04.08.2025 14:46
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Во голем пожар вчера изгоре викендичка во липковското село Опае.
                  „Во 12.05 часот било пријавено дека настанал пожар во село Опае, липковско при што изгорела викенд куќа и сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



