Излезноста во Куманово до 15 часот e 27,79 отсто
Во Куманово до 15 часот на гласање излегле 27,79 од запишаните гласачи во избирачкиот список.

Во Липково во истиот период 26,57%, а во Старо Нагоричане 43,48 отсто.
До 15 часот излезноста на Локалните избори е 31,16 проценти.
Најголема излезност има во општините Берово 40,14%, Богданци 39,57%, Валандово 35,88%, Гевгелија 35,78%, Градско 37,12%, Дебарца 43,43%, Демир Капија 46,65%, Дојран 48,88%, Зелениково 41,34%, Кратово 42,35%, Крушево 47,47%, Лозово 47,32%, Македонски Брод 48,21%, Новаци 52,84%, Пробиштип 45,12%, Росоман 46,46% и Чашка 53,19%.
Најмала излезност има во општините Центар Жупа 17,12%, Радовиш 24,24%, Маврово и Ростуше 20,14%, Гостивар 20,95% и Врапчиште 14,94%.
Во општина Куманово се гласа на 164 избирачки места, а право на глас имаат 93.889 гласачи.
Во општина Липково има 26.362 гласачи се запишани на 36 места, а во Старо Нагоричане, право на глас имаат 3.011 избирачи кои гласаат на 36 избирачки места.