Мени

Изложба на цртежи во Етно село 2014“

18.06.2014 07:43 | KumanovoNews

Во комплексот “Етно село“ утре во 12 часот ќе биде отворена изложбата од “Детски ликовен камп АСНОМ 2014“.

Изложба на цртежи во Етно село 2014“

 На изложбата ќе бидат поставени цртежи изработени од ученици од основните училишта во градот, кои во изминатите три дена твореа во комплексот.

Настанот е во организација на Фондација за спорт и култура, а под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово.