×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на уметничка фотографија на Душан Доцевски

    26.10.2016 10:11 | KumanovoNews

    Во Изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово утре во 19.30 часот ќе биде отворена самостојна изложба на уметничка фотографија на авторот Душан Доцевски.

    Изложба на уметничка фотографија на Душан Доцевски

    Изложбата е во рамките на клубското претставување на членови од Фото секцијата “Ф7“ којашто работи при Центарот за култура од Куманово. Изложбата е подржана од Министерството за култура на Република Макецонија и од Општина Старо Нагоричане.

    Авторот Доцевски (58) со фотографија се занимава од 1980 година.Својата излагачка дејност ја започнува од 1983 година, а работи на едукација на младите љубители на фотографијата во Фото Кино клубот “Козјак“ – Куманово каде што со години работеше. Од 2010 година ја  формира и води Фото Арт групата “Ф7“ а воедно е и организатор на повеќе изложби од клубски, државен и меѓународен карактер.Член е на Фото Сојузот на Република Македонија. Организирал летни школи за уметничка фотографија во Врановци 2000 година и Самоков 2001 година. Учествувал на сите биенални изложби под патронат на FIAP. Звањето Кандидат мајстор го добива во 2012 година. Учествувал на Фото-колонијата “Сичево“ а самиот организира во 2016 година “1 -ва Фотоколонија“ во Старо Нагоричане - Македонија. Се јавува како автор на фотографии на повеќе тематски целини но посебен предизвик му преставува портретот во којшто се обидува да ја прикаже психо-социјалната состојба на портретираниот користејќи го природниот амбиент којшто, пак, ја надопонува приказната и сцената ја чини поуверлива и поавтентична. Изложбата се организира во рамките на клубската презентација на Фото Арт групата “Ф7“.