Јанкулоска во “Бучен Козјак“
25.04.2014 12:31
| KumanovoNews
Гордана Јанкулоска, носител на листа во изборна единица 2, денеска ја посети млекарницата “Бучен Козјак“ каде презентираше мерки од партиската програма.

Стопанствениците најмногу се интересираат за делот од програмата кој се однесува на проширување на капацитетите и повисоки стандарди во работењето.
Разговаравме за можноста за вработување на млади лица до 29 годишна возраст, каде што практично тие во првите 12 месеци се ослободени од плаќање на давачките кон државата што го намалува трошокот по работник и овозможува проширување на производствените или воопшто на стопанските капацитети - рече Јанкулоска.