“Карпошова вечер“ по повод загинувањето на херојот
05.02.2015 10:14
| KumanovoNews
Во клубот “Христијан Т.Карпош“ утревечер во 18 часот, ќе се одржи “Карпошова вечер“, по повод 71 година од загинувањето на народниот херој.
„Карпошова вечер“ ја организира Здружението на армиски и полициски ветерани со поддршка на општина Куманово.
“Ќе биде прикажан документарен филм за Христијан Т.Карпош. Поканети се борците, градоначалниците од општините Куманово и Старо Нагоричане, советници, пратениците од Куманово, претставници од АРМ и СВР Куманово, како и училишта кои го носат името на херојот“ - изјави Киро Соларски, организационен секретар во Здружение на армиски и полициски ветерани.
Христијан Тодоровски Карпош е роден на 3 септември 1921 во Куманово, а загинал на 7 февруари 1944 година во Билјача, близу Прешево во соседна Србија.

