Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Еден од столбовите на оградата на Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово е некривен и секој момент може да падне.
Граѓаните бараат што побргу да се санира и да се врати во првобитната состојба, за да не ја повлече и да падне и металната ограда.
„Заслужува грижа и одржување, искрено се надевам дека одговорните многу брзо ќе ја поправат. Штета ќе биде да се обруши, а може и да повреди некого“, коментираат граѓани кои секојдневно поминуваат тука.
Се работи столб од камена ограда, која е налегната на ѕид на објект во дворот, па би можела да предизивика и дополнителни оштетувања.
Од црквата не одговорија на нашите прашања што ќе се преземе да се поправи столбот.
Неофицијално, за проблемот е известен Националниот конзерваторски центар, затоа што се работи за споменик од културно наследство, и секоја интеревнција се врши под надзор на стручни конзерватори. Во план е поправка и санација на оградата во целата должина, а средствата ќе се обезбедат преку МПЦ- ОА.