Концерт на Четкар на кумановско културно лето
15.07.2011 12:55
| KumanovoNews
На програмата на кумановско културно лето утревечер ќе настапи познатиот џез-гитарист со светска слава Владимир Василевски Четкар.

Концертот ќе се одржи во локалитетот Касапски круг со почеток во 22 часот, а влезот е слободен.
Организаторите ги повикуваат кумановци да не ја пропуштат оваа несекојдневна културна манифестација и да дојдат да уживаат во музиката на славниот гитарист, кој вакви концерти одржува во сите светски метрополи.
Концертот го организира Фондацијата за култура за спорт, под покровителство на градоначалникот и Советот на општината.