Мени

Концерт на Градски детски хор

11.06.2014 07:35 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, концерт ќе оддржи Градскиот детски хор.

Концерт на Градски детски хор

Диригент ќе биде Милена Митковска, а корепетитор Марко Митковски. Пред публиката ќе бидат изведени песни од Заз, Адел, Лорин, Тоше Проески, Селин Дион и други.

Концертот е под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово, а во организација на Фондација за спорт и култура.