×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Концерт на учениците од Куманово и Охрид

    13.04.2016 14:07 | KumanovoNews

    Проект за меѓуетничка интеграција во образованието ги спои основните музички училишта од Куманово и Охрид.

    Концерт на учениците од Куманово и Охрид

    Учениците денеска одржаа заеднички концерт, а беше потпишан и меморандум за соработка.

    Денеска во нашето училиште „Панче Пешев„, на гости ни дојдоа учениците и професорите од музичкото училиште „Методи Патчев„ од Охрид. Заедно го реализираме проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, со одржување на заеднички концерт. За првпат  соработуваме, но таа ќе продолжи и во наредниот период со возвратен концерт во Охрид, што ќе се реализира на почетокот на новата учебна година во септември, - изјави Ивана Андоновска-Свилар.

    Младите музичари изведоа дела на Моцарт, Брамс, Шостаковиќ, Бетовен и други, на виолина, пијано, кларинет, хармоника и флејта.

    Проектот е подржан во УСАИД а има за цел да ја потикне соработката меѓу учениците од различни етнички заедници.