Крива река се излеа во село Јачинце
01.02.2015 12:31
| KumanovoNews
Крива река се излеа во село Јачинце, при што поплавени се ниви и неколку куќи.

Од Регионален центар за управување со кризи велат дека критични точки се селата Шупли Камен, Зубовце, Пчиња и Студена Бара.
“Крива река се влева во Пчиња и може да предизвика излевање во наведените села. Излевање има и река Липковка кај расадникот на Шумско стопанство“ - велат од РЦУК.
Во меѓувреме состанок ќе одржи Општинскиот кризен штаб по повод новонастаната состојба.