×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште, вработени во МОН и две фирми за злоупотреба на превоз на ученици во Куманово

    09.05.2025 14:30 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука, две правни лица од Куманово и нивните сопственици, за злоупотреба на постапката за  доделување договор за превоз на ученици

    Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште, вработени во МОН и две фирми за злоупотреба на превоз на ученици во Куманово

    „СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Т. - поранешна директорка ДСУ „Киро Бурназ“ од Куманиво, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положаба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, против правно лице од Куманово за превоз на патници и сопственикот Д.П. од Куманово поради постоење основи насомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ по член 275-в став 2 во врска со став 1 и став 4  и „фалсификување или уништување на деловни книги“ по член 280 став 1 и став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, против В.Д., Д.Б., В.В., Ј.В., Д.Т. и Н.К., сите од Скопје, вработени во Министерството за образование, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело дело „злоупотреба на службена положба“ по член 353 став 4 и став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик и против правно лице за книговодствени услуги и Б.С. – управителка на правното лице поради постоење основи на сомнение за стрено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“ по член 280 став 2 и став 3 од Кривичниот законик. 

    Првопријавената В.Т., во текот на учебната 2022/2023 и во текот на учебната 2023/2024 година, додека траела реконструкцијата на училиштето и не се изведувала настава со физичко присуство на ученици, во два наврати спровела отворени постапки за доделување на договор за јавна набавка на услуга - превоз на ученици, во кои постапки било изберено пријавеното превозно претпријатие од Куманово, застапувано од пријавениот Д.П. од Кумнаово, како единствен понудувач и носител на набавката. Д.П., потоа заедно со пријавената В.Т. изготвиле лажни записници за квалитетно и навремено извршена услуга, кои ги потпишале двајцата, па врз основа на лажните записници Д.П. изготвил лажни фактури во кои биле внесени невистинити податоци и како такви биле доставени до Министерството за образование и наука. 

    Доставените фактури биле одобрени и исплатени од четвртопријавената В.Д., петтoпријавената Д.Б, шестопријавената В.В., седмопријавената Ј.В., осмопријавената Д.Т. и деветтопријавената Н.К.. и покрај тоа што знаеле дека училиштето се реконструира и наставата се одвива без физичко присуство на ученици и наставници. Додека пак пријавената С.Б. - управител на правното лице за книговодствени услуги од Куманово, иако знаела дека изготвените фактури се со невистинита содржина и не се поткрепени со никаква друга задолжителна пропратна документација предвидена со закон, сепак ги книжела во финансиските книги на правното лице за превоз на патници. 

    На тој начин, сите пријавени им овозможиле на пријавениот Д.П. и правно лице за превоз на патници од Куманово да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 32.620.123 денари на штета на буџетот на РСМ“, соопшти Полицијата.