Кривична пријава за 14-годишник од Куманово – провалил во шест куќи и крадел пари и предмети
        13.08.2025 14:44
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Полицијата поднесе кривична пријава против малолетник поради извршени шест кражби.
                  „Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против 14-годишно момче од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека извршил шест кривични дела – „тешка кражба“ и „кражба“ од Кривичниот законик.
Според МВР, малолетникот со употреба на сила влегол во повеќе приватни имоти во Куманово, од каде одзел пари и разни предмети.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



