×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична пријава за благајничка во јавно претпријатие, проневерила над 130.000 евра

    02.07.2025 17:26 | KumanovoNews

    СВР Куманово до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(37) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата“ и „фалсификување или уништување деловни книги“  и против Ј.А.(52) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „несовесно работење во службата“. 

    Кривична пријава за благајничка во јавно претпријатие, проневерила над 130.000 евра

    „М.А. како службено лице, вработена во јавно претпријатие Куманово, на работно место референт/благајник, во период од 09. ноември 2020 до 11 ноември 2024 во 410 наврати, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, континуирано присвоила вкупно 8.276.434 денари кои и биле доверени во службата. Парите кои во готовина ги примала од наплатувачи-оператори од наплатни центри на јавното претпријатие наместо да ги евидентира и внесува во сметководствена документација и да ги уплати на трансакциска сметка во банка на јавното претпријатие,  таа противправно дел од парите ги присвоила и задржала за себе, а во компјутерскиот систем изготвувала документи  со преправање и менување-дуплирање на редни броеви и таквите документи, заедно со дел од дневните извештаи -спецификации за кои наменски изготвувала каса прими со дуплиран веќе постоечки број, за да не биде забележана, ги изнесувала од јавното претпријатие и ги уништувала, со што го оштетила јавното претпријатие за 8.276.434 денари.

    Додека пак  Ј.А., на работно место раководител на Одделение за сметководство и финансова оператива, очигледно несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности на тој начин што пропуштила должен надзор и во текот на работењето не извршила контрола над работењето на М.А. ниту пак извршила усогласување на сметководствената со фактичката состојба, односно проверка и споредба на вкупните износи на пари од наплатени сметки од граѓани и износите на пари внесени на трансакциска сметка во банка на јавното претпријатие, со што и овозможила на М.А.  да се стекне со противправна имотна корист, со што придонела за настанување на финансиска штета“, соопшти МВР.