Кривична пријава за синот што го истепал татко му
03.06.2019 13:35
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Н.(33) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда.

На 09.04.2019 година околу 18 часот во Куманово на улицата „Тоде Думба“, во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот татко Д.Н. при што му нанел тешки телесни повреди.