Кривична за кумановец што вршел јавен превоз без лиценца
24.01.2017 15:37
| KumanovoNews
В.Ј.(49) од селото Тромеѓа, кумановско, заработи кривична пријаво за сторено кривично дело вршење јавен превоз без поседување лиценца.

В.Ј. на 25.08.2016 година во 17.40 часот управувал ТМВ „Ман“ натоварено со 12.50 кубни метри дрвни сортименти со уредна документација, но не поседувал лиценца за вршење на јавен превоз.
Пријавениот е откриени при редовна сообраќајна контрола на полициски службеници во Кочани.