×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Kуќен притвор наместо притвор за претседателот на кумановското ДУИ

    26.07.2016 09:18 | KumanovoNews

    Бајрам Лимани од село Лојане, в.д. претседател на ДУИ Куманово, обвинет за убиството на командант Шипоња, до крајот на судењето ќе се брани од куќен притвор, откако кривичниот совет од Основниот суд Куманово му ја замени мерката притвор.

    Kуќен притвор наместо притвор за претседателот на кумановското ДУИ

    Барањето за преиначување на решението на судија во предходна постапка на мерката притвор во домашен притвор ја побарала одбраната на Лимани.

    „Сметаме дека фактичката состојба е поинаква од онаа кога беше изречена мерката притвор, поради тоа поднесовме предлог за замена на мерката во куќен притвор, која кривичниот совет ја усвои, - вели адвокатот на Лимани.

    Застапникот на семејството на оштетениот Реџеп Исмаили- командант Шипоња, смета дека е недопустиво да се менува мерката притвор во куќен притвор додека судењето трае, а особено кога се работи за толку тешки кривични дела.

    Бајрам Лимани и Амир Љатифи, обвинети се за убиство и убиство во обид, бидејќи пред една година на 23 јули, го убиле Шипоња, а раниле уште две лица во угостителски објект во населбата Бедиње.  Додека Лимани со двајца пријатели седеле во локалот, пристигнал Шипоња со уште 5 лица и започнале расправија. Подоцна се степале и извадиле оружје, при што се случила крвавата пресметка.

    Второобвинетиот во случајот Љатифи останува во притвор во Шутка.

    Партиски извори велат дека причина за несогласувањата на двајцата команданти била амбицијата за претседателското место на ДУИ во Куманово.