Кумановец украл пари, полицијата го привела
02.06.2025 13:48
| KumanovoNews
Кумановец е приведен во полиција под сомнение дека украл пари од приватен имот.

„Полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 45-годишен кумановец, затоа што истиот ден од приватен имот на улица „Лесковачка“ во Куманово одзел пари. Тој бил приведен во полициска станица, парите биле пронајдени и вратени на сопственикот и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.